|

БалканИДЕА Скопје
со особено задоволство Ве поканува да земете учество во Школата за неформално образование.
Школата ќе започне на 25.11.2006 година во просториите на Младинскиот центар за неформално образование - Кисела Вода на ул. Досител Обрадовиќ бр. 14.
Во склоп на проектот предвидени се следниве работилници:
o Лични вештини и развој - 25-26.11.2006 година.
Себе-мотивирање , Убедување , Јазик на телото
o Односи со јавност и комуникации - 02-03.12.2006 година.
Говорење пред јавност, Известување до медиуми (подготовка, пишување, испраќање), Внатрешен и надворешен PR,
o Човечки ресурси – 09-10.12.2006 година.
Лидерство, Мотивација, Менаџирање на групи
o Менаџмент и развој на организации - 23-24.12.2006 година.
Градење тим , Структура на организација , лидерство
o Прибирање и менаџирање на финансии – 27-28.01.2007 година
Пристап до донаторите, менаџирање на финансиски ресурси
o Цивилно општество – 03-04.02.2007 година.
Активно партнерство, Општествена одговорност на корпоративниот сектор, НВО влијание
o Организирање на настани – 10-11.02.2007 година
Дефинирање цели, Менаџирање на времето и тимот, координација
Тренерите се долгогодишни активисти во невладиниот сектор од земјава и странство. Нивната експертиза ќе Ви помогне во Вашето натамошно вклучување не само во невладиниот сектор туку и во Вашиот професионален живот. Обуките вклучуваат теоретски и практичен дел. Дел од обуките ќе бидат на српски јазик.
Обуките се наменети за млади кои имаат почетни знаења за НВО секторот, но и оние кои немаат а сакаат понатака да се вклучат во подготовка и реализација на проекти ќе имаат доволно простор да се вклучат и научат.
Котизација за еден дводневен тренинг изнесува 900 денари (во котизацијата се вклучени материјалите за тренингот, кафе паузите и паузата за ручек).
Пријавата за тренинзите може да ја преземете доколку кликнете ОВДЕ. Пријавите треба да се испратат најдоцна до 23.11.2006 година на следнава адреса e.evtimova@balkanidea.org
Повеќе информации на e.evtimova@balkanidea.org ; babyllon@balkanidea.org и на телефон 070-746-580, 070-267-797.
Проектот е поддржан од Агенција за млади и спорт на РМ. |